ПОВЕЌЕСЛОЕН ПАРКЕТ

Барлинек_со_објаснување1

Повеќеслојниот паркет на Барлинек е природен производ создаден од дрво. Дрвените подови се природни и потрајни од било каков синтетички производ. За разлика од ламинатот, овој под е потопол на допир. Обезбедуваат добра звучна изолација и благодарение на нивната способност да апсорбираат влага ја регулираат микроклимата во просториите. Исто така може да се обновуваат со шмирглање и повторно лакирање.

Секој под не може да се постави на подно греење. Повеќеслојниот паркет, благодарние на неговата конструкција, добро спроведува топлина и може да се инсталира на електрично подно греење или на вода. Тоа е една од предностите на повеќеслојнито паркет за разлика од класичниот паркет. Врз подно греење може да се монтира на 2 начина во зависност од подлогата – врз нопа фолија или со лепење.

Карактеристики на повеќеслојниот паркет:

  • 100% дрво;
  • можност за поставување врз подно греење;
  • цврста конструкција;
  • отпорен на промени ви температура и влага;
  • брза и едноставна монтажа;
  • може да се користи веднаш по монтажа;
  • можност за повторна обработка на подот;

    Видеа за монтажа на подот:

  • Поставување на подно греење со лепило (видео)
  • Поставување со лепило без подно греење (видео)
  • Поставување со подлога без лепење (видео)
  • Поставување на лајсни (видео)
  • Инструкции за поврзување на подот со плочки (видео)
  • Иновативни тавански скали „Click Fix“

    Dolle-ClickFIX-36-slide

    Компанијата „Dolle“ која е светски лидер во производството на тавански скали на пазарот има нов модел „Click Fix“. Овој модел е револуционерен и се дели со своите одлични карактеристики како што е едноставниот начин на монтирање и подобрените изолациски својства.

    Таванска скала која поставува нови стандарди во намалувањето на термичките мостови, а новиот click систем на монтирање овозможува брза монтажа, без потреба од користење на алат.

    Три карактеристики кои ги издвојуваат „Click Fix“ скалите:

  • Мала тежина и лесно ракување
  • Брза монтажа (погледнете го видеото)
  • Подобрена изолација (погледнете на линкот)

    Повелете во салоните на Мега за детална презентација. Нашиот тим ќе одоговори на сите барани информации.

  • Средство за чистење ламинат

    Egger_politura

    Концентрат на германско ефикасно средство за чистење на ламинатни подови во пакување од 1L. Постигнува одлични резултати во чистењето на подови со клик систем, при што овозможува дополнителна заштита на истите. Средството брзо се суши и не остава траги по чистењето. Антистатичното својство овозможува заштита од таложење на прав. Исто така, со континуирано користење се зголемува сјајноста на ламинатот.

    Се користи така што 1 капаче се раствора во 5L вода и со влажна крпа се преминува подот.

    Средството е препорачано од професионалниот сервис за чистење „Проект 42“ од Куманово кој нуди чистење на секаков вид на подови и останати услуги. За повеќе информации може да ги побарате на линкот: http://proekt42.mk/ или на 075/759-359.

    Ефикасноста на средството е потврдена од долга листа на задоволни клиенти кои го препрачуваат истото.

    Серија „Digital Art“

    digital art

    Серијата „Digital Art“ е добитник на престижната награда за дизајн на кермика на „Cersai“ за 2015 година. Инспирирана е од „Pixel art“ од 80-тите години на 20-ти век, но во ново и свежо издание од фабриката „Sant’Agostino“ прилагодена за користење во секојдневнието.

    Колекцијата е составена од пастелни и појаки тонови кои може идеално да се комбинираат и да се создаде интересна шара карактеристична за текстил.

    Достапни се димензиите: 90x90cm, 60x120cm, 60x60cm, 30x60cm, 15x60cm, 10x60cm и 30x30cm. Финишот на плочката има 3Д ефект кој ја пресликува релјефноста на текстилот.

    Повеќе информации моѓе да добието во каталогот од серијата: Каталог „Digital Art“

    Промоција на колекција плочки „Soft Ornament“

    Soft_Ornamnet_promo

    Во нашите салони може да ја погледнете новата серија на плочки „Soft Ornament“ од полскиот производител „Opozcno“.

    Боите користени во оваа серија, како името што кажува, се суптилни и со нежна орнаментирана текстура која дава длабочина на самиот изглед на плочката. Со нивно комбинирање може да се создадат интересни премини на боја во амбиентот. Идеални за кујни и бањи со своите неутрални нијанси.

    Повелете во салоните на Мега каде што веќе започна промоцијата за оваа колекција со одлична цена!

    Нова серија на плочки “Кортекс”

    Promocija_cortex

    Италијанската фабрика San’t Agostino, за која сме екслузивни претставници за Македонија, ни презентира уште една уникатна серија на гранитни подни плочки.

    Серијата е инспирирана од класичните рустични ентериери во кои како главен елемент се јавува дрвото. Текстурата на дрвото , со својата уникатност,  му дава особен белег на просторот. Јачината на плочките од оваа серија се идеални за подно греење и за користење во надворешни и внатрешни простории.

    Достапни се во димензија 30×60 cm, формат кој може да се за подна и ѕидна примена.

    За повеќе информации погледнете го каталогот за “Cortex”

    Стаклен мозаик

    Staklen mozaik2

    Од Картагина до Византија, од Стара Грција до Рим мозаикот има голема улога во остварувањето на многубројни декорации во грандиозните градби и постепено се воздигнува на ниво на уметничка форма.

    Стаклените мозаици се добиваат од комбинација на кварц, силикон и останати материјали кои потоа се топат на висока температура и се излеваат во калапи. Се изработуваат во различни форми и големини за добивање на изглед по Ваша желба.

    Неговата форма и начинот на кој може да се комбинира, го прави идеален за обложување на заоблени форми како базени, скали, заоблени ѕидови, агли итн.

    Доза на гламур и уникатност во просторот може да се постигне со користење и комбинирање на мозаиците. Особено интересно изгледа во кујните и бањите, каде што може да се прават безброј комбинации  во вертикали, хоризонтали или цели ѕидови и столбови, зависно од ефектот кој сакате да го постигнете. Исто така е многу лесен за одржување, поради малата површина во која не се заблежува бигорот, особено во туш кабините.

    Нашиот начин на живеење и навиките постојано се менуваат, на што ни укажуваат прокетите и барањата на архитектите и дизајнерите. Благодарејќи на користењето на нови материјали и технологии, доаѓаме до прекрасни решенија за просторот.

    За Вас ги одбравме најуникатните и интересни модели на стаклени мозаици кои веќе може да ги најдете во нашите салони. А комбинацијата која ќе биде совршена за Вашиот простор ќе се погрижи нашиот тим.

    Осветлување Globo

    Globo_promocija

    Глобо осветлување нуди специфичен спектар на решенија за осветлување кои ја рефлектираат Вашата индивидуалност, вкус и план. Ние веруваме дека осветлувањето треба да ја надмине функционалноста и да го трансформира вашиот простор во чудесно и инспиративно опкружување.

    Осветлување кое го поттикнува и разубавува Вашиот секојдневен живот.