Акција на Велукс прозорци


Reklama Velux

Голема промоција и акција на Велукс кровни прозорци започнува токму овој период! Доколку немате кровен прозорец и сакате да поставите еден сега е идеално време за тоа! Мега во соработка со Велукс Ви овозможува ГРАТИС производи во зависност од видот на прозорецот кој ќе го одберете!

Доколку го изберете пакетот број 1:
-За секој купен сет на Велукс производи од Standard категорија – кровен прoзорец + опшивка со BDX термо и хидроизолација + надворешна завеса MHL, добивате ГРАТИС внатрешна завеса RHZ.

Доколку го изберете пакетот број 2:
-За секој купен сет на Велукс производи од Standard+/Premium категорија – кровен прoзорец + опшивка со BDX термо и хидроизолација, добивате ГРАТИС надворешна завеса MHL.

Велукс прозорците имаат писмена гаранција од 5 или 10 години во зависност од производите кои ќе ги одберете.

Повелете во нашите салони каде што нашиот тим ќе Ви ги презентира Велукс прозорците и нивните предности и ќе Ви одговори на сите прашања. Мега исто така може да Ви препорача стручни монтери за вградување на прозорци. Акцијата е со ограничен временски период и тоа до крај на месец мај.

Мега клуб картичка

004-6300501-08_arketipo_lady_bird_bookcase-1200x1200

Со задoволоство ги известуваме сите наши клиенти дека МЕГА Куманово започнува со доделување на „MEGA Club Loyalty Card“.

Со оваа картичка клиентот го добива правото на одлични понуди на целиoт наш асортиман и добивка вредносен ваучер.

Сите заинтересирани можат да ја добијат својата „MEGA Club Loyalty Card“ во еден од нашите продажни салони.

Правила за картичката може да добиете тука: Правила

Станбен кредит на Халк банка

Halk_banka

Доколку разгледувате опции за станбен кредит „Мега инженеринг“ Ви го препорачува станбениот кредит на Халк банка во соработка со градежни компании со номинална каматна стапка од 4.4% во првите 4 години.

Каталогот со подетални информации може да го превземете на линкот: Халк банка станбен кредит

Еко кредит за заштеда на енергија во домот

Штедете енергија во домот со Еко кредит на Халк банка. Кредитот е наменет за физички лица кои сакаат да ја подобрат енергетската ефикаснот на домот со вградување на подобра излоација и корситење на обновливи извори на енергија како соларните системи.
Со врградување на вакви матријали заштедата на енергија многу ќе се зголеми, а во исто време се придонесува и за зачувувањето на животната средина.

Услови за кредитирање:
• Износ:
• до 500 ЕУР до 100.000 ЕУР
• Максимален рок: до 240 месеци
• Грејс период: до 6 месеци
• Каматна стапка:
o Со плата во ХалкБанк АД: 5.5% номинална каматна стапка, годишна стапка на вкупни трошоци 6.29% (СВТ).
• Трошоци за кредитот: 1.50% од износот на кредитот.
• Кредитна способност: 1/2 од вкупните месечни примања со можност на кокредитобарател.
• Обезбедување:
o До 10.000 ЕУР меница и менична изјава
o Над 10.000 ЕУР хипотека на недвижен имот во вредност од 1:1,5

Повеќе информации за кредитот може да добиете на следниов линк: http://halkbank.mk/eko-krediti.nspxeko_kredit

Добитници од наградната игра за 23-тиот роденден

10151782_10205152841572827_2594943945727454043_n

На 30-ти декември во реторанот Прадо во Куманово се одржа извлекувањето за наградната игра на Мега.
Прекрасните и талентирани Мартија и Мартинијан не дружеа на извлекувањето на наградите за нашиот роденден. Им благодариме и на екипата на ТВ Плус за снимката која ќе ја објавиме во најскоро можно време.

Им честитаме на сите среќни добитници и им посакуваме среќни празници на сите учесници во наградната игра.

Добитниците на награди се:

1. Ваучер 10,000 ден. – Игор Јосифовски, Скопје

2. Лустер – Бајрам Рустенов, Скопје
3. Сет галантерија за бања Геди – Срѓан Лазиќ, Куманово
4. Сет галантерија за бања – Насер Рамадани, Куманово

5. Плафонерка – Ивица Митрушов, Св. Николе
6. Плафонерка – Драгољуб Добревски, Куманово
7. Плафонерка – Гимо Сандев, Скопје
8. Плафонерка – Ирина Стојковиќ, Скопје
9. Плафонерка – Зоран Николов, Скопје

Добитниците ќе може да си ги подигнат наградите во салоните на Мега во Скопје и Куманово.

Мега ќе продолжи и натаму да организира големи изненадувања и да се грижи за верните купувачи.

Наградна игра за 23-тиот роденден на Мега

Opis_na_nagradna_igra

За 23-тиот роденден на Мега Ви подготвивме голем број на изненадувања!

Учествувај со сметка над 5,000 денари во периодот од 5 декември до 30 декември и стани потенцијален Мега добитник на ваучер од 10,000 денари и на голем број други награди!

Главна награда – ваучер за купување на производи од Мега во износ од 10,000 ден.

I-ва Награда – лустер од програмата Химитер 091015/бел.

II-ра Награда – сет галантерија од програмата Геди – танганика.

III-та Награда – сет галантерија за бања модел 20800.

5 пар. плафонерки (програма Глобо).

Повелете во нашите салони, Ве очекуваме!

Посетете ја и нашата фејсбук страна и споделете го Вашето мислење: https://goo.gl/J7lZM8

Подетални информации околу правилата:

Начинот на учество во играта ќе е со сметки остварени во периодот од 5 до 30 декември. Сметките треба да се со износ над 5,000 ден. за да остварат право на учество. Вработените во Мега немаат право на учество во играта.

По приложената сметка од 5,000 денари се пополнува наградно ливче со информации за купувачот со име, телефонски број, адреса на живеење и број на сметка. Наградни ливчиња се пополнуваат во сите продажни салони на Мега каде по пополнувањето се ставаат во запечатени кутии.

Главното извлекување ќе е на 30-ти декември во ресторанот Прадо во Куманово, отворено за јавноста. Извлекувањето ќе се одвива во присуство на жири комисија и ќе биде снимано преку телефонски уред за потврдување на валидностна на извлекувањето како и со екипата на ТВ Плус. Снимката ќе да биде објавена на нашиот веб сајт и на социјалните мрежи. Наградените исто така ќе бидат објавени на нашиот веб сајт, социјалните мрежи и ќе бидат информирани телфонски за да ја подигнат наградата.

Наградите не може да се менуваат за ваучери или вновчуваат (само главната награда е ваучер) или да се бираат други модели на производи. Наградите ќе се подигаат во салонот на Мега во Карпош или во Скопје, зависно од местоживеењето на наградените.Наградите може да се подигнат во рок од 30 дена по главното излекување.

LYONESS

Lyoness-logo

Мега се приклучи на на трговската мрежа на Lyoness.
Предности:
– Враќање на пари при секое купување (cashback)
– Shopping points (соберени поени можат да се користат во вид на попусти на продажни места на Lyoness.
– Профитирање од зачленување (пријателски бонус)

Посета на Cersai, најпознатиот саем за керамика

Santagostino_Cersaie_014_0206cersaie_04

Нашиот тим го посети прекрасниот штанд на „Ceramica Sant’Agostino“, за кои сме ексклузивни претставници за Македонија, на саемот за керамика во Болоња. Оваа компанија потврди дека е една од лидерите во светот на керамиката со еден од најдобрите штандови на познатиот „Cersaie_Costruire .Abitare Pensarei“.

Исто така, како еден од лидерите на пазарот е и „Lafabbrica“, со ексклузивен изложбен простор, во кој ги покажа најновите модели на плочки кои пленеа со својот дизајн и уникатност.

Трендовите во керамиката се движат во насока на усовршување на „3Д“ технологијата и создавање на ултра реални декори на дрво во најразлични воглавно големи димензии. Исто така, забележително беше и враќањето на хексагонот како интересна форма која нуди многу можности за комбинирање.

Соработка со “Italgraniti”

Promocija_italgraniti

Ви ја претставуваме фабриката “Italgraniti” позната во Италија по дизајнот и квалитетот на своите производи од керамика и гранит.  Колекциите кои ги претставува на пазарот се создадени со дигитален принт,врвна технологија и совршенство во изработка.

Моделите на плочки кои ги одбравме за Вас се направени по најновите светски дизајнерски трендови. Дрвото како еден од главните инспиративни елементи ги следи и овие колекции и им дава уникатност и посебен карактер.

Се надеваме дека “Italgraniti” ќе Ве воодушеви и Вас како што го направи тоа при првиот контакт со “Мега” како еден од главните лидери во Македонија за керамика.

Повелете во нашите салони за презентација на нивните производи.

Нов изложбен салон

P1020626

Повелете во новиот  Мега –  изложбен салон  на една од најфрекветните локации во Скопје.

 Неговото оригинално архитектонско решение, современиот изглед и ентериер направен по високите европски стандарди, го прави еден од  добитниците за престижната награда на градот Скопје за најдобро изведени објекти.

Комплетно опремен со врвна керамика, салонот ги отвара вратите за сите посетители кои сакаат да почуствуваат дел од италијанскиот, бразилскиот, германскиот амбиент, презентирани во специјално направени сегменти во просторот.

Нашиот тим со задоволстово Ве очекува да не посетите во новите простории на бул. Борис Трајковски бр.62 ( поранешна ул. Првомајска бб. )