Политика на приватност

1. Политика за приватност или политика по приватност е правен документ со кој се објавуваат некои или сите начини на кои една страна прибира, користи, објавува и раководи со податоци на своите клиенти. МЕГА ДОО посветува големо внимание на заштита на личните податоци во сите свои деловни процеси, имплементирајќи ги стандардите поставени во Законот за заштита на лични податоци, Службен весник на Р.М. од 2005 година. Членот 1 од овој закон, пролонгира заштита на личните податоци како основни слободи и права на граѓаните, а особено правото на приватност во врска со обработка на лични податоци.

2. Политика на приватност се однесува на тоа како МЕГА ДОО ги користи и заштитува сите информации кои сте ги дале на МЕГА ДОО при користење на оваа веб страна. Информации дадени во формуларот или на друг начин преку веб сајтот на МЕГА ДОО ги користи со цел обезбедување услуги што ги имате побарано преку веб сајтот на МЕГА.

3. Сите лични податоци кои ќе ги внесете преку формата за регистрација ќе се користат за потребите за рекламирање на производи обезбедени од наша страна, а се чуваат согласно одредбите во ЗЗЛП и не се отстапуваат на трети лица. Од информации кои ни се потребни при регистрација се следните: а.)Име и презиме; б.)e-mail адреса; в.)телефон за контакт.

4. МЕГА ДОО ги бара овие податоци поради следните причини: за подобрување на нашите производи и услуги, испраќање на промотивни пакети за нови производи, специјални понуди преку адресата која што сте ја оставиле.

5. Од врема на време ќе ги користиме Вашите податоци кои сте ги оставиле за да Ве контактираме за маркетинг цели.

6. Обработка на личните податоци може да се врши само по претходна добиена писмена согласност на субјектот на личните податоци, чл.6 ЗЗЛП. Ние не ги продаваме, разменуваме или изнајмуваме Вашите лични податоци на трети лица. Секое физичко лице кое смета дека му е повредено некое право загарантирано со овој закон може да поднесе барање за утврдување на повреда на правото до Комисијата на “Дирекцијата за заштита на личните податоци”, чл.18 ЗЗЛП.

7. Вашите лични податоци се чуваат во безбеден компјутер, преку овластен персонал кој е поврзан преку мрежна бариера кој е недостапен до јавноста.

8. Можете да изберете да прифатите или да одбиете “колаче” (терм. cookie). Колачињата ги содржат само они податоци што Вие самите ќе ги дадете. Тоа е мал фајл кој бара дозвола да биде поставен на хард дискот од Вашиот компјутер. Ги користиме за да видиме колку се корисни информациите што ги нудиме и да видиме колку нашиот веб сајт е лесен за користење. Вие можете да ги прилагодите своите операции за Вашите потреби, “likes” или” dislikes”/сака или не сака, со прибирање и зачувување на информации за Ваши потреби.

9. Доколку сакате Вашите податоци да бидат корегирани, избришани или доколку имате било кави прашања и предлози, слободно не контактирајте со порака на нашиот веб сајт.

10. МЕГА ДОО Ве уверува дека податоците поставени на нашата веб-локација нема да бидат злоупотребувани. Податоците никогаш нема да бидат објавени во било каков медиум или поделени со друго трето правно, односно физичко лице.