ПОВЕЌЕСЛОЕН ПАРКЕТ

Барлинек_со_објаснување1

Повеќеслојниот паркет на Барлинек е природен производ создаден од дрво. Дрвените подови се природни и потрајни од било каков синтетички производ. За разлика од ламинатот, овој под е потопол на допир. Обезбедуваат добра звучна изолација и благодарение на нивната способност да апсорбираат влага ја регулираат микроклимата во просториите. Исто така може да се обновуваат со шмирглање и повторно лакирање.

Секој под не може да се постави на подно греење. Повеќеслојниот паркет, благодарние на неговата конструкција, добро спроведува топлина и може да се инсталира на електрично подно греење или на вода. Тоа е една од предностите на повеќеслојнито паркет за разлика од класичниот паркет. Врз подно греење може да се монтира на 2 начина во зависност од подлогата – врз нопа фолија или со лепење.

Карактеристики на повеќеслојниот паркет:

  • 100% дрво;
  • можност за поставување врз подно греење;
  • цврста конструкција;
  • отпорен на промени ви температура и влага;
  • брза и едноставна монтажа;
  • може да се користи веднаш по монтажа;
  • можност за повторна обработка на подот;

    Видеа за монтажа на подот:

  • Поставување на подно греење со лепило (видео)
  • Поставување со лепило без подно греење (видео)
  • Поставување со подлога без лепење (видео)
  • Поставување на лајсни (видео)
  • Инструкции за поврзување на подот со плочки (видео)