Декоративен материјал


Стаклените призми се идеални за создавање на ѕидови со извонредна светлина и естетска префинетост, идеално решение за впечатлив ентериер и екстериер.

Достапни во глатка и брановидна површина со широк спектар на бои, кои даваат прекрасен и впечатлив ефект на секој простор.

Широк спектар на употреба.

Декоративниот камен со својата убавина во целост ја одсликува текстурата и изгледот на природниот камен. Давајќи можност да со помала инвестиција се долови елеганција и природност во самиот простор.

Калапот за обликување на декоративниот камен се изработува со директно обликување од рељефот на природен камен, што од една страна овозможува да се задржи природната форма, а од друга страна палетата на бои и нијанси може значајно да се прошири во однос на природниот камен.

Боите на декоративниот камен имаат опсег од најсветла до најтемна нијанса со што се задоволува сечиј вкус и желба.

Плочки со текстура на камен се гранитни по својот состав, лесни се за одржување и му даваат интересен изглед и посебна димензија на просторот.