Соларни системи


Сонце-неисцрпен генератор на енергија и живот. Кога зборуваме за изворната енергија, се разбира ќе ја споменеме и неисцрпната енергија на вечниот генератор-Сонцето.

Македонија благодарејќи на својата географска положба, има повеќе сончеви часови во годината од останатите европски земји. Пратејќи ја оваа статистика бројот на сончевите денови во текот на зимата се зголемуваат од година во година. Оваа статистика ни наговестува на благ влез на медитеранска клима на нашите простори и така ги исполнуваме сите критериуми за оптимално користење на соларна енергија.

Со користењето на сончевата енергија која е бесплатна, можно е да се заштеди до 60% годишно за потребната енергија за загревање на топла вода, што значи дека во летниот период конвенционалниот начин на загревање на топла вода скоро и да не се употребува.