Услови

Генерални одредби
Со овие услови за користење нa веб сајтот www.mеga.com.mk и неговите услуги и функционалности ( во натамошниот текст: Услови за користење) се дефинирааат правата и обврските за неговото користење. Право на користење на www.mega.com.mk е лично на корисникот (корисник може да биде правен субјект или физичко лице) и не е преносливо на било кое друго лице или субјект.

Термини и услови
www.mega.com.mk сајтот може да се користи без никакви надокнади за користење. Оваа интернет страна со домен www.mega.com.mk во сопственост на „Мега‟ ДОО, со седуште на ул. „Јоско Илиевски‟ б.б, Куманово, е сервис создаден за корисниците со цел да овозможи пребарување и споредба на производи и услуги. Мега не превзема никаква одговорност доколку корисникот ги нема прочитано условите за користење.

Општи услови
Називот „Мега‟ е заштитен трговски знак на „Мега‟ ДОО, и е забранет секаков вид на негова употреба без претходна писмена согласност на сопственикот. „Мега‟ ДОО ги задржува сите права кои произлегуваат од трговскиот знак „Мега‟.

Целата содржина на оваа страница, вклучувајќи ја формата, изгледот, сликите, информациите, дизајнот и сите достапни податоци се интелектуална сопственост на „Мега‟ ДОО и се заштитени со авторско право и сродни права.
Споделените информации од оваа страна имаат информативен карактер.
Секогаш ќе се залагаме за точност на информациите, но можни се отстапувања и пропусти.
„Мега‟ ќе се залага за достапност на својата веб страна 24 часа на денот.

Промена и прекин
Мега‟ ДОО има право во било кое време и без претходна најава, по сопствено видување, да ги ревидира информациите на артиклите или пак да внесе нови. Исто така, „Мега‟ ДОО има право да укине некои или сите услуги, без разлика со која карактеристика или цел, како и производи или услуги поврзани со нив, или пак да го укине правото на кој и да е поединец за користење на Мега услугите.

Можност на потрошувачите
Мега‟ ДОО, Ви нуди можност за проектирање и изработка на идејни решенија за Вашиот простор. Со комплетната услуга на нашиот високо обучен тим може да ја остварите Вашата идеја од 3D проект до перфектна, комплетна реализација.

Маркетинг материјали
Изработка на седмични и месечни флаери, како и на генерален каталог за тековната година, со опфатени слики, илустрации и информации за севкупниот асортиман со кој располага Мега ДОО.
Временска рамка на артиклите ставени на акција:

Акциска продажба на артиклите е подлежна во рок од 30 дена од денот нанејзиното отпочнување или се до распродажба на количините. Мега ДОО го задржува правото да воведува, менува, укинува и стопира информации за акциските артикли. Мега се оградува од било какви грешки на информациите за артиклите.

Претплатени корисници
Секој регистриран корисник се согласува да добива нотификации на e-mail адресата со кој е регистриран на www.mega.com.mk. Нотификациите се поврзани со www.mega.com.mk.

Формулар за вработување
Ние во Мега Доо знаме дека деловниот успех всушност претставува успех на луѓето. Затоа се трудиме да ги вработиме, развиеме и да ги задржиме најдобрите таленти, како и во компанијата да направиме пријатно и потикнувачко работно опкружување кое ќе ги инспирира вработените во секојдневната работа. Заинтересираните кандидати може да го пополнат формуларот за вработување и да достават CV преку www.mega.com.mk, или на адресата ул. Јоско Илиевски б.б, 1300 Куманово.