Мега како општествено одговорна компанија и како верен пријател на Театар Куманово и овојпат ја поддржа театарската култура и со финансиска помош учествуваше во создавањето на Монографијата 75 години Театар Куманово.
Создавањето на ваква литература е од големо значење за градот, но општо и за државата со што заедно ги градиме и креираме културните политики. Бизнис секоторот мора да допринесува во развојот на културата на едно општество. Среќни сме што нашата компанија е активен учесник и со голема радост им го честитаме овој јубилеј на сите театарски дејци.