Дизајн на весели тонови – Ceramica Sant’Agostino

digital technology

Една извонредно интересна колекција  на гранитни плочки (порцелан), изработена во DigitalTechnology,  инспирирана од меѓусебна игра на детали, со елементи на материјали и бои кои чиниат спонтан калеидоскоп!

Благодарение на својата разиграна, но складна особеност, овој неодолив стил е  како создаден за простори од сите големини.

Изненадната  радост ќе ја најдете во убавината на деталите  вметнати во еден сеопфатен амбиент кој зрачи со безгрижност и спокој, а привлекува со слобода на изразувње,  движење и бои!

 

Погледнете дел од колекцијата DECONCRETE

Запознајте ги шпанските плочки ARGENTA

ECO-FRIENDLYTILE  концептот на  ARGENTA  е  посветен  на  развојот  на  новата  генерација  на  високо вредните  решенија  кои  се  производ  на  истражувања  и  примена  на  нај напредна  технологија.

FLOW

Серија  FLOW  е  одличен  избор  за  секој  кој  сака  да  внесе  допир  на  сјај  во  својот  простор. Варијанта  со  мазна  површина  е  идеална  за  простор  кој бара  униформност  и  впечаток  на  континуирана  зидна  прекривка,  додека  впечатливата  текстура  на  FLOW  Linear  ке  даде  декоративен  карактер.

Палета  на  бои на  серија  FLOW  се  движи  од  суптилните  тонови  на  бела,  сива  и  беж,  до  нешто  по  живи  акценти  како  сина  и  боја  на  жалфија.

Зидните  плочки  изработени  од  црвена  паста  се  достапни  во  димензија  25х50цм  и  можат  да  се  комбинираат  со  подни  порцелански  плочки  во  димензија  60х60цм, ретифицирани,  со  сјаен  финиш.

OLAND

Главните  обележја  на  серија OLAND  се  софистицираност, сестраност и одлична  декоративна  приемчивост. Она  што  се  цени  кај оваа  серија  е нивото  со  кое  дизајнот  и  технолошкиот  процес  го  доловуваат  природниот  изглед  и  префинетата  текстура  на  дрвото. Токму  тоа  им  овозможува  на  овие  порцелански  плочки  во  формат  23х120цм  и  мат  ефект,  да  го  истакнат  реализмот на  материјалот,  претварајки  ги  во  атрактивна  и  функционална  серија  за  проекти  кои  бараат  изглед  на  природни  материјали.

NARVAL_Amb_01

BLANCOS

Замислата  за  креирање  на  светол,  бел  простор  е  дел  на  секој  еден  проект,  а  серијата  BLANCOS  е  особено  погодна  за  токму  таков  амбиент.

Овие  бели  зидни  плочки  со  сјаен  финиш,  со  или  без  текстура,  ги  нудиме  во  димензија 90х30цм, ретифицирани. Серијата  BLANCOS  е  перфектно  решение  за  ултра/модерен ентериер  во  кој  снагата  на  просторот  произлегува  токму  од  зидната  прекривка.

 

Помош за борбата со Ковид–19

Во исклучително тешко време што го живее светот денес и изминатите неколку месеци, борбата да се сочува здравјето претставува императив за секое општество, поединец, семејство и компанија. Во таква борба, покрај здравствениот систем, треба да учествуваме сите, па затоа општествената одговорност е клучна и неопходно потребна. Препознавајќи ја оваа потреба, Мега заедно со партнерите Акустик, Голден Арт и Греемак Груп, успешно реализира донација на 85 неинвазивни респиратори, како и 24 кислородни концентратори, за потребите на здравствениот систем на државата.

Веруваме дека од оваа бура ќе излеземе посилни и подготвени, со заеднички сили да се соочиме со сите потенцијални предизвици.

Ceramica Sant’Agostino – AKOYA

Она  што  ги  прави  производите  на  Ceramica Sant’Agostino  уникатни  е  +ART  систем  на  работа,  кој  опфака  3  подеднакво важни  фази:

 

Инспирација

Идејата  може  да  биде  инспирирана  од  природата  или  од  имагинацијата. Каменот,зидот или сликата, уметничката  креативност  и  интуицијата  ги  трансформираат  во  архитектонски  материјал.

Концепт– нов  блескав  оникс гранит со единствен сјај, транспарентност и длабочина.

Расположение и  чувство– богата  текстура  на  најфиниот  алабастер и оникс, таинствена светкавост  на  бисерите.

Стил и особеност-идеален  спој на луксуз и стил, нови икони на безвременска убавина.

 

Создавање

За  да  се  креира  материјалот  потребна  е  вештина  на  еден  Уметник, технологија и  познавање  на  керамиката, естетска  култура и дизајнерски  занес. Потребна е напорна и  макотрпна  работа за да се напредува.

  • Извонредниот ефект  на  длабочина, особено  кај  најсветлите  нијанси,  е  резултат  на  прецизна  контрола на  нијансите и мајсторскиот  развој на дизајнот и вените.
  • CSA Дигитална Технологија, Балансирани варијации. Дизајнот на  секое  парче  е  точно  определен со  дури  200 теми, чии  вени  и  нијанси  се  внимателно  прилагодени  на  секој  формат. Убавината  и избалансираноста  на  колекцијата  се  извонреден  резултат  на  знаењето  и  посветеноста  на  Ceramica Sant’Agostino.

Формати: 90×180, 60×120, 30×60, 7.3×29.6 cm

Асортиман

Додатната  вредност  на  Ceramica Sant’Agostino  лежи во создавање  на  секоја  колекција  како  сет  на  решенија  за  архитектурата, со повржување  на  бои, димензии, мостри и површини, создадени  да го  “облечат”  секој  простор  во  технички  беспрекоро  решение.

Четирите  нијанси, секоја  со  своја  особеност. Три  светли  и длабоки  нијанси  и  една  темна  со  истакнат  карактер.

AKOYA: White, Ivory, Silver, Ocean

Амбиентални фотографии

Секој простор заслужува функционално решение

Со палета од 600 продукти, ALCAPLAST од Чешка е нај голем производител на санитарни системи во централна и источна Европа.
Производите на ALCAPLAST се дизајнирани и создадени за да функционираат поуздано, да ги задоволат барањата на корисниците, како и да го подобрат квалитетот на живеењето.
Благодарение на високиот квалитет и атрактивност на производите, ALCAPLAST е добитник на голем број престижни награди.
Производите на ALCAPLAST се поуздани, со постојано контролиран квалитет.
Се употребуваат како во новите градби, така и во реновирање на старите.
Современ изглед на бања, со минималистички дизајн, ке биде потполн само доколку се обрне внимание дури и на малите детали, како што е елегантен и едноставен линијски сифон APZ9, достапен во 5 должини 550-950mm (артикли:42037,42038,39502,39503,39504)

Примена:

  • за внтрешна  употреба, особено погодни кај  реконструкции и каде има малку простор во подот
  • за одвод  кај тушеви  на ниво на подот
  • за непречен  пристап  со инвалидска количка

Карактеристики:

  • произведени од полипропилен, отпорен на мраз и хемикалии
  • монтажна височина од 62 мм
  • пластични ногарки со можност за брза и лесна  монтажа и подесување на височина
  • безбедна врска со  хидроизолациониот слој на конструкцијата
  • перфорирана решетка во состав на сетот
  • лесно, механичко  одржување

Најава на новитети за уредување на бања

Brig RAINIER

Мебел  за  бања 80: PA-800S-Kонзолен  кабинет  од  MDF  со  PVC  фолија, керрок мијалник. Единечна фиока со меко затворање, хромирана  украсна  рачка. Димензија: 80x48xh44cm. Боја: ДАБ.   CD-800x700PJ-Алуминиумско огледало  со  вградено  LED  светло. Димензија::80xh70cm

Brig HAVANA +

Мебел  за  бања 80: BV-HA-800DH-  кабинет  со ногарки, изработен од дрво и  MDF  со  PVC  фолија, керрок мијалник, две фиоки со меко затворање и вградени рачки. Димензија: 80x48xh85cm. Боја: бела, мат финиш. OPPO-700RJ-огледало  со акрилна рамка и вградено  LED  светло на touch. Димензија:ø 70cm

Италиjански стил на плочки Sant’Agostino

Современиот  јазик,  не  само  на  проектите  туку  и  на  секојдневието,  е  неверојатно  флуиден,  во  естетска  смисла, социјална  и  економска. Ништо не  е  попробирливо   отколку  керамичарската  сфера,  која  сега  може  да  игра  сосема  слободно,  правејќи  синтеза  во  композиции  на  најразлични  интерпретации  на  материјали, форми  и  површини ,  се  со   цел  да  ги  задоволи  барањата  на  современото  градење  и  живеење.

Колекцијата SET на Ceramica Sant'Agostino е вистинска фузија на различни материјали

цементSET  CONCRETE
цемент и текстилSET DRESS ,  SET  TARTAN
цемент и мермерSET  GEM
бојаSET  WALL
дрвоMETROWOOD
декорацијаMETROSIGNS
ЗАТВОРИ

Категории

Додади во кошничка

📣 #МегаИзвестување

ПОЧИТУВАНИ ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ ДЕКА ПРОДАЖНИТЕ САЛОНИ
НА МЕГА УТРЕ (31.12.2024)

ЌЕ РАБОТАТ ДО 13Ч.

📣 #МегаИзвестување

Почитувани Ве известуваме дека следните денови, продажните салони на Мега нема да работат :

01,06,07 јануари

Останатите денови се работни со регуларно работно време.
Мега Ви посакува Среќни празници!

Artboard 5

📣 Биди во тек со сите промоции на Мега сега и на Viber

Внеси мобилен телефон (3897xxxxxxx) и зачлени се

📣 #МегаИзвестување

Почитувани Ве известуваме дека понеделник 09.12.2024, продажните салони на Мега нема да работат.