Како да ги чистите и одржувате VELUX кровни прозори

Кровните прозори не само што носат природна светлина во нашите домови, туку и ја зголемуваат естетската привлечност и функционалноста на просторот за живеење.

VELUX, реномиран производител на овие архитектонски елементи, нуди висококвалитетни производи дизајнирани да го подобрат амбиентот и удобноста на секоја просторија за многу години. Но, за да се одржи нивната ефикасност и долготрајност, потребно е редовно и правилно одржување.

Не прескокнувајте го редовното одржување

Редовно проверувајте ги кровните прозори дали имаат знаци на оштетување, како што се пукнатини, протекување или насобирање на кондензација. Проверете дали околу покривот има остатоци, како лисја, гранки или нечистотии, кои може да ги блокираат каналите за одвод и да предизвикаат задржување на вода. Вреди да ги проверите прозорците и покривот кога се менуваат годишните времиња и по обилни дождови или бури.

Следете го процесот на одржување

Пуштете го сонцето низ чисти и сјајни прозорци! Започнете со отстранување на ситните остатоци, како прашина, лисја или пајажина, од надворешната површина на прозорците со мека четка или правосмукалка со четка. Повеќето VELUX кровни прозори може да се ротираат, што го олеснува чистењето на надворешната страна. Подгответе раствор од благ сапун или детергент и вода. Користете мек сунѓер или крпа натопена во растворот за нежно чистење на надворешните површини. Исплакнете со чиста вода за да ги отстраните остатоците од сапунот. За тврдокорни дамки или нечистотии, можете да користите неабразивно средство за чистење специјално формулирано за стаклени површини. Избегнувајте силни хемикалии или абразивни материјали, бидејќи можат да го оштетат стаклото или рамката. Исушете ги површините со чиста крпа за да спречите дамки од вода.

Сезонско одржување

Повремено проверувајте ги заптивките и гумите околу прозорците за да бидете сигурни дека се цели и без оштетувања. Проверете дали има знаци на инфилтрација на вода или истекување на воздух околу рамката и повторно затворете ако е потребно со заптивната смеса или затварање отпорно на атмосферски влијанија.Осигурајте се дека шарките, рачките и другите подвижни делови функционираат без проблеми. Нанесете мала количина силиконска подмачкувачка течност на шарките и подвижните делови доколку е потребно, за да овозможите мазно отворање и затворање.

Правилното чистење и одржување се клучни за зачувување на убавината и функционалноста на вашите VELUX кровни прозори. Со редовно следење на овие едноставни чекори, можете да осигурите дека вашите кровни прозори ќе останат во оптимална состојба и ќе продолжат да ви овозможуваат природна светлина и вентилација во многу години што следуваат. Не заборавајте секогаш да користите нежни методи на чистење и да избегнувате силни хемикалии или абразивни материјали кои може да ги оштетат стаклото или рамката. Со соодветна грижа, вашите VELUX кровни прозори ќе продолжат да го подобруваат амбиентот и удобноста на вашиот дом долги години.

Друго е кога ќе го НАПРАВИШ САМ

Изработка на декорации или други корисни работи за вашиот дом со сопствени раце може да биде забавен и задоволителен начин да придонесете на убавината и да го истакнете личниот стил на вашиот простор.
МЕГА има за цел да ве инспиприра и да ве поттикне да размислувате креативно во последните денови од летото
Во следниот текст, ќе ви покажеме неколку креативни и лесни идеи за изработка на уникатни декорации кои може да ги прилагодите според вашиот вкус и потреби, и да го разубавите  секој ваш простор.

сликата е превземена од pillarboxblue.com

1. Саксија за цвеќе од плочки

Цвеќината се нешто што носи радост и убавина во нашиот живот. Грижата за нив претставува задоволство и секако разубавување на домот. Еве еден наш предлог како да го разубавите нивниот простор со изработка на едноставни саксии од плочки, вашите цвеќиња ќе можат да живеат во секој простор и на отворено и на затворено. Се што ви е потребно се уникатни плочки кои може да ги најдете во продавницата на МЕГА и мала доза на креативност.

Погледнете дел од колекцијата

Плочки Golden tile Ethno decor n.25 18.6×18.6

910 ден

единица мерка-m2

Плочки CSA Intarsi Glam 05 20×20 2kl.

1.480 ден

Единица мерка m2
Цената е Франко Куманово

Плочки Golden tile Laurent antracite 18.6×18.6

800 ден

единица мерка-m2

2. Клуб масичка од плочки

Збогатете го вашиот ентериер или екстериер со масичка обложена со плочки. Облогата може да биде на стара масивна масичка, или под конструкцијата да ја конструирате вие.

сликата е превземена од ourfifthhouse.com

Погледнете дел од колекцијата

Плочки KK Eagle Zenith Color 25×75

650 ден

Единица мерка m2

Плочки KK Carrara mosaic 3d 25×50

640 ден

единица мерка m2

Golden tile Metrotiles light grey 10×20

720 ден

Едица мерка m2

сликата е превземена од clemaroundthecorner.com

3. Полица за книги од стаклени блокови

Изработете уникатна полица за книги и украси која ќе го разубави вашиот простор и ќе додаде доза на автентичност. Стаклените блокови се ИН кога станува збор за декорирање на домот, и со ваков проект ќе добиете модуларна полица по ваш крој.

Погледнете дел од колекцијата

Seves Стаклен блок Сахара

429 ден

Единица мерка -парче

Seves Стаклен блок Браон

374 ден

Единица мерка -парче

Seves Стаклен блок Паралела

165 ден

Единица мерка -парче

4. Позадина за кревет од ОСБ

ОСБ плочите се познати по својата мултифункционалност и вклопување во секој современ ентериер. За љубителите на минимализмот, може да биде акцент материјалот во вашата соба.

Изработката на декорации со свои раце не само што ќе ви обезбеди креативна терапија, туку и ќе ви дозволи да го персонализирате вашиот дом и да го направите уникатен баш како што го замислувате.  Со неколку материјали и малку време може да создадете уникатни производи кои ќе ги покаажувате со гордост и задоволство.

Време е да направите нешто со свои раце – а во МЕГА ќе најдете БАШ СЕ ШТО ВИ ТРЕБА.

Што е EXADECK?

EXADECK е систем на подигнати технички подови составен од керамички decking плочки (ламели). Ексклузивниот систем за инсталирање овозможува брзо и флексибилно поставување без  некои специфични алатки.

Една од неговите главни карактеристики е подигнатиот систем поддржан на стрингери, што овозможува едноставна и удобна дистрибуција на цевки и жици одоздола.

Exadeck, исто така, ги нуди предностите на системот за пловечки подови, како што е индивидуалното отстранување на секое парче, што го прави пристапот до областа под него  многу лесен за која било потреба.

Техничкиот под  EXADECK како  систем  на  подигнат  под  е иновативно решение од голем интерес за архитектите и лидерите на јавното мислење со оглед на неговите технички карактеристики и елегантен дизајн.

Некои од неговите најистакнати технички карактеристики се неговите нелизгачки својства, дури и во услови на влажност, како и неговата механичка цврстина и отпорност на абење.

Со природниот изглед на дрво, техничката плочка на EXADECK е лансирана на пазарот со нов Yoho дизајн- серија инспирирана од  пет различни тонови на дрво ( Даб, Јавор, Натурал, Тека и Антико). Модерниот стил совршено се вклопува во секој простор, комбинирајќи естетика, отпорност и издржливост, со лесна  монтажа и одржување.

Предности на подигнати технички подови

EXADECK системот на подигнати техничкиот подови нуди бројни предности во однос на традиционалната плочка за под. Некои од неговите главни карактеристики вклучуваат огромна отпорност на екстремни временски услови, што го прави идеален производ за надворешна употреба во средини каде што влагата може да биде проблем за дрво, смола, пластика и други видови материјали.

Понатаму, неговата висока механичка отпорност на кршење и абење го прави овој иновативен систем на подови од порцелански плочки (ламели) погоден за области со голема фреквенција. Системот за инсталација со клик значи дека времето на завршување на проектот е многу пократко поради брзиот и лесен начин на кој може да се користи овој производ.

Неговите огноотпорни карактеристики обезбедуваат безбедност и непроменлив изглед. Неговата отпорност на мраз со речиси  нулта апсорпција на вода и термостабилност , значат дека EXADECK може да издржи ненадејни температурни промени и на таква експанзија/контракција резултира  како материјал што не се деформира.

Порцелански decking за надворешнa употреба

Сите технички и естетски својства на облогата од порцелански decking плочки EXADECK значат дека тој може да се користи во секој надворешен простор, притоа обезбедувајќи издржливост, непроменлив изглед и јачина на материјалот.

Оваа подна плочка е екструдирана плочка со силни својства против лизгање (C-3) и одлична отпорност на дамки, а  тие својства го прават овој производ безбеден за надворешна употреба  и лесен за чистење и одржување.

Порцелански decking за надворешнa употреба

Подигнати техничкиот подови  EXADECK можат да се инсталираат на неколку различни начини, линеарно  или  со  поместување за 1/2, и  можат  да се користат во широк спектар на области:

Станбени објекти: дворови, тераси, базени, тремови, градини, итн.
Јавни површини: пешачки патеки, плажи, тераси, итн.
Комерцијални области со висока фреквенција: хотели, ресторани, трговски центри, итн.
Влажни подрачја: врски помеѓу плажи, палуби за базени итн.

Бидејќи е лесен за инсталирање и е многу отпорен на екстремни услови на животната средина, како и  на нагли температурни промени ,овој вид порцелански decking се прилагодува на техничките барања на секој проект.

За правилна инсталација на подигнати технички подови, мора да се почитува серија општи правила  наведени во  упатството  за  монтажа.

Технички карактеристики:

Видео за систем за инсталација:

Мултифункционалноста на дрво пластичниот композит

WPC  (wood plastic composite) или дрво-пластичен  композит  спаѓа   во  група  на  релативно  нови  композитни  материјали  кои  наоѓаат  примена  во   градежништвото. По  својот  состав, тој  е  комбинација  од  дрвени влакна / прав/пилевина, полимер и адитиви, т.е. додатоци  како  адхезиви, пигменти,…итн. Може  да  се  рече  и  дека  е  еколошки материјал,  бидејки  за  негово  производство  не  се  трошат  природни  ресурси,  туку  се  користи  рециклирана  пластика  и  дрвен  прав  кој  е  остаток  во  дрво-преработувачката  индустрија.

Дрво-пластичниот композит  може  да  се  обликува  во  било  која  форма,  па  така  од  него  можат  да  се  произведуваат  нај различни  профили  и  елементи  кои  се  користат  во  уредување  на  надворешни  амбиенти: подови, патеки, перголи, огради, жардињери, клупи,…итн.

Палета  на бои  во  кои  се  среќава  овој  материјал,  ги  опфаќа  земјените  тонови:  од  темно сива,  преку  окер,  до  темно  кафеава,  а  површината  може  да  биде  мазна,  ребреста  или  со  текстура  на  дрво.

Предностите  на  еден  ваков  материјал  се  бројни:

  • има широка примена
  • отпорен е на атмосферски влијаниjа
  • не скапува  и  не  се  распаѓа
  • отпорен на UV зрачења
  • лесно се монтира
  • не бара повторно  боење  или  лакирање
  • не го  напаѓаат  инсекти и габи
  • површината не  се  лизга

Додека  неговите  мани  се:

  • повисока цена  во  однос  на  другите  материјали
  • доколку е  под  директно  влијание  на  сончева  светлина,  може  да  ја  смени  нијансата,  т.е. да  избледне

Подови од композит

Дрво-пластичниот  композит  во  вид  на  профили  за  подни  површини  се  среќава  и  под  име  “ Decking”.  Профилот  за    Decking  е  во  вид  на  даска,  но  постојат  и  таканаречени  DIY  или  “ направи  сам“   системи  во  вид  на  плочки  на  PVC подлога. Ваков  систем ,  заради  лесна  монтажа,  носи    назив  “quick deck”:

10

Композитна даска – Decking

11

Композитна плочка- Quick deck

За  подот  од  композитни  даски,  потребни  се  и  дополнителни  елементи,  како  греди  за  подконструкција, дистанцери, типли и завртки,  завршни  лајсни,  додека  за  подот  од  композитни  плочки  може  да  биде  потребна  евентуално  само  завршна  лајсна  (L-профил).

Се  разбира,  за  монтажа  е  потребен  и  соодветен  алат: електрична  дупчалка, навртувач, чекан, пила  со  можност  за  сечење  под  агол.

За  монтажа  на  подот  од  композитни  даски,  потребно  е  да  се  исполнат  неколку  предуслови  и  секако  да  се  следи упатството  на  производителот  за  да  крајниот  резултат  биде  задоволителен. Важните  предуслови  се  обезбедување  на  чиста, стабилна, цврста  и  мазна  подлога,  со  пад  од  1-2 %  за  да  се  обезбеди  непречено  оттекување  на  вода  под  композитниот  под.

Погрешен  начин  на  монтирање  може  да  доведе  до  намалена  издржливост  и  оштетување  на  даските,  затоа  секогаш  е нај добро  монтажата  да  се  довери  на  искусни  монтери.

Не  треба  да  се  дозволи  подолготрајно  задржување  на  снег,  ниту  пак  таложење  на  нечистотии.  Пожелно  е  периодично  чистење  на  површината  со  вода  и  четка,  а  евентуални  дамки  можат  да  се  третираат  внимателно  со  шмиргл хартија.

Композитниот  под  наоѓа  примена  во  откриени  и  наткриени  тераси, стази, површини  околу  базени,  итн.  Не  е  препорачлив  за  затворени  простори  без  вентилација.

Совет за избор на соодветен декор на подот

Атмосферата во просторот во голема мерка зависи од избраниот декор и комбинацијата на боите. За мали или мрачни простории повеќе ќе одговараат посветли подови во нијанси на бела или сива боја. Но. доколку таков избор на бои делува премногу студено за вас, нашиот совет е употреба на светли нијанси на кафеава која ќе внесе топлина во просторот. При избор на декорот на подот, земете го превдид и постоечкиот мебел, како и својот личен стил на уредување. Палетата на ЕГГЕР декори на ламинатни подови, ќе ви го овозможи токму она што го сакате.

Стаклени блокови во амбиентот: Каде што функцијата и убавината живеат заедно…

Традиционалната инсталација се изведува со употреба на цементни врзива како што е  бел цемент, пластични дистанцери, шипки од не’рѓосувачки челик и лента за спојување.

Употребата на шипки од не’рѓосувачки челик, во вертикален и хоризонтален правец, пoставени во рамките на секој спој, обезбедува поголема стабилност и механичка отпорност на ѕидот.

За да  инсталирањето на  стаклените блокови биде побрзо и полесно, Seves нуди пластични дистанцери со помош на кои се создава рамномерно растојание и еднакви споеви.

Откријте како да ја искажете вашата креативност употребувајќи светлина, простор, боја и транспарентност и тоа во еден елегантен, рафиниран и безвременски стил.
Стаклените блокови се природно решение да ја сочувате приватноста, без да ја жртвувате природната светлина.
СЕВЕС колекцијата на стаклени блокови овозможува архитектурата да биде доживеана преку светлина, боја, движење и простор.

Погледнете ги стаклените блокови

Тавански скали Минка Австрија

Минка денес е еден од најголемите производители на скали во светот. Милиони сопственици на домови се потпираат на квалитетот и долговечноста на скалите на Минка повеќе од 60 години. Без разлика дали скалите за заштеда на просторот, спиралните скалила, тавански скали или вратите за безбедност на децата, Минка за секогаш. Успехот на Минка се заснова не само на „развојот на скалите за таван“, туку и на високиот приоритет за употреба на мало и на тој начин трајни материјали во производството. Високо квалификуван тим, користејќи најсовремени технологии, обезбедува усогласеност со најстрогите стандарди за безбедност и квалитет. Економската оптимизација, совршената технологија за изолација, високата безбедност и клиент-ориентиран дизајн се постојани барања за производство. Одделот за истражување и развој на компанијата постојано работи на нови технологии, поефикасни материјали и по автоматизирана обработка на можности.

Погледнете ги таванските скали од Минка

ЗАТВОРИ

Категории

Додади во кошничка
Artboard 5

📣 Биди во тек со сите промоции на Мега сега и на Viber

Внеси мобилен телефон (3897xxxxxxx) и зачлени се

📣 #МегаИзвестување

Салонот на МЕГА во Куманово нема да работи во сабота, 02.12.2023, поради попис.
Ве молиме контактирајте не на телефон или е-маил, или посетете ги нашите продажни места во Куманово.