Она што ги прави производите на Ceramica Sant’Agostino уникатни е +ART систем на работа, кој опфака 3 подеднакво важни фази:

Инспирација
Идејата може да биде инспирирана од природата или од имагинацијата. Каменот,зидот или сликата, уметничката креативност и интуицијата ги трансформираат во архитектонски материјал.
Концепт– нов блескав оникс гранит со единствен сјај, транспарентност и длабочина.
Расположение и чувство– богата текстура на најфиниот алабастер и оникс, таинствена светкавост на бисерите.
Стил и особеност-идеален спој на луксуз и стил, нови икони на безвременска убавина.
Создавање
За да се креира материјалот потребна е вештина на еден Уметник, технологија и познавање на керамиката, естетска култура и дизајнерски занес. Потребна е напорна и макотрпна работа за да се напредува.
- Извонредниот ефект на длабочина, особено кај најсветлите нијанси, е резултат на прецизна контрола на нијансите и мајсторскиот развој на дизајнот и вените.
- CSA Дигитална Технологија, Балансирани варијации. Дизајнот на секое парче е точно определен со дури 200 теми, чии вени и нијанси се внимателно прилагодени на секој формат. Убавината и избалансираноста на колекцијата се извонреден резултат на знаењето и посветеноста на Ceramica Sant’Agostino.
Формати: 90×180, 60×120, 30×60, 7.3×29.6 cm


Асортиман
Додатната вредност на Ceramica Sant’Agostino лежи во создавање на секоја колекција како сет на решенија за архитектурата, со повржување на бои, димензии, мостри и површини, создадени да го “облечат” секој простор во технички беспрекоро решение.
Четирите нијанси, секоја со своја особеност. Три светли и длабоки нијанси и една темна со истакнат карактер.
AKOYA: White, Ivory, Silver, Ocean