МЕГА, компанија која својата приказна ја започна како мала семејна фирма и благодарение на својата иновативна стратешка визија и динамичен развој, денес прерасна во лидер на пазарот на градежни материјали и опрема за уредување, со гордост го поддржува 37. Охридски пливачки маратон како спонзор на настанот.
„Чест ни е да го поддржиме овој значаен спортски настан кој ги спојува храброста, посветеноста и духот на натпреварувањето, и горди сме што можеме да придонесеме за продолжување на традицијата на маратонот“, велат од МЕГА. Со оваа поддршка, МЕГА ја покажува својата посветеност кон заедницата и развојот на спортот, како и својата визија за поддршка на проекти што ги истакнуваат природните и културните богатства на Македонија.
МЕГА останува посветена на вложувањето во локалната заедница, развојот на спортот и промоцијата на македонските вредности на глобалната сцена.