МЕГА е успешна приказна за мала семејна фирма, која со иновативна стратешка визија и динамичен развој, прераснува во фирма со водечка позиција на пазарот на градежни материјали и опрема за уредување.
Мисија
Со единствена понуда на квалитетни и модерни производи од областа на градежните материјали и опрема за уредување, да создадеме задоволство на нашите клиенти.
Визија
Да бидеме лидери на пазарот, следејќи ги постојано современите трендови во областа на градежништвото и опремата за уредување. Да имаме понуда соодветна за секое барање, примамлива за секој вкус и достапна за секој купувач. Да бидеме прв и единствен избор, во остварување на сонот за совршен дом.
Временска рамка
МЕГА започнува како проектантско биро на двајца сопружници, архитекти.
1992
1995
Имајќи јасна желба за нова ориентација, МЕГА се трансформира во фирма за продажба на градежни материјали и го отвора првото продажно место во Куманово.
2001
2003
МЕГА стартува со свој прв продажен салон во Скопје и во следните неколку години успешно се позиционира на овој пазар и го зголемува бројот на новите подружници во главниот град.
Чувствувајќи ги потребите на своите купувачи, МЕГА го гради деловниот објект МЕГА Мол, во кој ги обединува функциите на луксузен продажен салон и склад за градежни материјали и опрема. МЕГА Мол во Скопје станува вистински хоум центар.
2010-2013
2015-2018
Пред МЕГА е нов предизвик – Својот потенцијал да го насочи кон дефинирање на повисоки стандарди во урбано домување. Како одговор на тој предизвик, следува инвестиција во изградба на современ станбено-деловен комплекс Градиа Хоум во населба Аеродром, Скопје.
МЕГА денес брои повеќе од 70 вработени и како и до сега, продолжува да ги следи модерните трендови, дефинирајќи ја според нив својата понуда. Со новиот проект-инвестиција Урбан Гарден, МЕГА го прави следниот голем чекор во својот развој сега веќе и како успешна фирма –инвеститор.