Термини и услови

Оваа веб-страна, со домеин www.mega.com.mk, во сопственост на МЕГА ДОО, со седиште на ул.Јоско Илиевски 34, Куманово, е креирана за корисниците со цел да овозможи пребарување, споредба и/или купување на производи и услуги. Како посетител и корисник, Ви даваме до знаење дека употребата на содржините на страната, како и направените трансакции, се предмет на одредени услуги и услови, за што Ве замолуваме пред користење на страната www.mega.com.mk, внимателно да ги прочитате. МЕГА не превзема никаква одговорност доколку корисникот ги нема прочитано условите и правилата за користење и купување.

Општи услови

Со самата посета или купување преку нашата интернет страна, потребно е да се согласите со условите наведени подолу, чие право на промена во зависност од условите и потребите е задржано без претходно известување на корисниците на веб-страната. МЕГА ДОО не превзема одговорност доколку корисникот на веб-страната не ги прочитал јавно достапните информации и услови од оваа веб-страна. Ако не се согласувате со Општите услови на оваа веб-страна, едноставно не ја користете и повелете во некоја од нашите МЕГА Продавници.

Како би ги задоволиле Вашите потреби и барања, МЕГА ќе се залага за достапност на својата веб-страна 24 часа во денот. Во случај на привремена недостапност односно прекин на пристапот до веб-страната поради технички или надворешни влијанија надвор од контролата на МЕГА, не можеме да превземеме никаква одговорност и да Ви гарантираме постојан пристап.

Политика на приватност

Со Политикатата на приватност, ќе ви појасниме каде и како се чуваат личните податоци на сите корисници /регистрирани купувачи на нашата веб-страна. Оваа политика на приватност се однесува само за www.mega.com.mk. Доколку е присутен линк кој ќе Ве поврзе со други страни, ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие интернет страни.
Водич за заштита на личните податоци во МЕГА ДОО Куманоцо
Цел на Водичот
Правото на приватност и заштитата на личните податоци на корисниците претставува приоритет во работењето на МЕГА ДОО Куманово(во понатамошен текст МЕГА). Ние како компанија посветуваме големо внимание на заштитата на личните податоци во сите свои деловни процеси, имплементирајќи ги стандардите поставени со прописите за приватност и заштита на личните податоци во Република Северна Македонија.
Овој Водич треба да биде практична алатка којашто дава појаснување за значењето на термините кои се користат во прописите за заштита на личните податоци, ги разработува начелата за заштита на личните податоци кои задолжително се земаат предвид при секоја обработка на личните податоци на корисниците и вработените на Мега.

Значење и дефиниции на термините употребени во Водичот

Термини кои произлегуваат од прописите за заштита на личните податоци

ЛИЧЕН ПОДАТОК е информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува. Лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, врз основа на матичен број на граѓанинот или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, ментален, економски, културен или социјален идентитет.
Лични податоци се: име и презиме, адреса, датум на раѓање, единствен матичен број на граѓанинот, број на лична карта, фотографија на документи за идентификација, телефонски број, е-маил адреса и др.

Под ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ се подразбира операција или збир на операции што се изведуваат врз личните податоци на автоматски или друг начин, како што е: собирање, евидентирање, организирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, изедначување, комбинирање, блокирање, бришење или уништување.

СУБЈЕКТ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ е физичко лице чии лични податоци се обработуваат

КОНТРОЛОР НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ е физичко или правно лице, орган на државната власт или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци.

ОБРАБОТУВАЧ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ е физичко или правно лице или овластен орган на државната власт кој ги обработува личните податоци во име и за сметка на контролорот.

ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ е лице кое е овластено од контролорот да ја следи имплементацијата на прописите за заштита на личните податоци и да обезбедува усогласеност на работењето со начелата за заштита на личните податоци.

Права на корисниците


Корисниците-субјекти на лични податоци имаат право:
• да бидат информирани за обработката на нивните лични податоци
• да пристапат до нивните лични податоци и
• да ги дополнат, изменат, избришат или да бараат запирање на користењето на нивните лични податоци

Во продолжение, следува подетално појаснување во однос на овие права:
• Во функција на транспарентност, Мега има обврска да го известат корисникот за целите и правната основа на обработката на неговите лични податоци.

• Секој корисник има право да пристапи до своите лични податоци. Барањето за пристап до податоците мора да се достави во писмена форма или преку веб страната на Мега(линк) при што одговорот на корисникот ќе се даде во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето.
Доколку корисникот не добие одговор на барањето за пристап до лични податоци, може да поднесе барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци пред Агенцијата за заштита на личните податоци.

• Корисникот има право да бара дополнување, изменување, бришење или запирање на користењето на неговите лични податоци. По барање на корисникот, Мега е должен да ги дополни, измени, избрише или да го запре користењето на личните податоци, ако податоците се нецелосни, неточни или неажурирани и доколку нивната обработка не е во согласност со закон. Независно од тоа дали корисникот има поднесено барање за дополнување, изменување или бришење на личните податоци, доколку Мега утврди дека личните податоци се нецелосни, неточни или неажурирани, должен е истите да ги дополни, измени или избрише. Мега е должен најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето, писмено да го извести субјектот на лични податоци за направените дополнувања, измени или бришења.

Обврски и задачи на корисниците

Секој корисник, при посета на веб страната / регистрација / купување, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата Политика на приватност.

Доколку пополните поле со вашите лични податоци или се регистрирате преку формата за регистрација, податоците кои ќе ги внесете ќе се користат за некоја од следните потреби (и во зависност од избраната опција): за комуникација во случај на нарачка, за достава на производот, за реализација на плаќањето, како и за рекламирање на производи / добивање промотивни материјали од наша страна. Овие податоци ќе се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и нема да се отстапуваат на трети страни.

Доколку пополните поле со вашите лични податоци или се регистрирате преку формата за регистрација, податоците кои ќе ги внесете ќе се користат за некоја од следните потреби (и во зависност од избраната опција): за комуникација во случај на нарачка, за достава на производот, за реализација на плаќањето, како и за рекламирање на производи / добивање промотивни материјали од наша страна. Овие податоци ќе се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и нема да се отстапуваат на трети страни.

Од информациите кои ни се потребни при регистрацијата и/или при нарачка / пополнување на полињата ги издвојуваме:

e-mail адреса
телефон за контакт
име презиме
адреса на живеење

Начин на чување и обработка на личните податоци:

Податоците кои ги собираме се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија. МЕГА го задржува правото да ги користи IP aдресите и другите податоци на корисниците за откривање на нивниот идентитет во случај на спроведување на законот и законските постапки.

Во секој момент може да извршите промена, ажурирање или корекција на Вашите неточни лични податоци и информации.И за неправилности да се обратите до нашиот Офицер за заштита на лични податоци.

Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и се обврзуваме дека нема намерно да собираме или користиме податоци од малолетни лица. Ги превземаме сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите.

Мега има обврска да го информираат корисникот за:
• идентитетот на контролорот;
• целите за обработката;
• правото на пристап, измена или бришење на личните податоци
• идентитетот на офицерот за заштита на лични податоци на Мега

Согласност на корисникот за секоја дополнителна обработка на личните податоци

За секоја дополнителна обработка на податоци, надвор од целите на исполнување на воспоставениот претплатнички однос, Мега обезбедува посебна согласност. Согласноста е слободно и изречно дадена изјава на волја на корисникот со која се согласува да се врши обработка на неговите лични податоци за определена цел.
Само врз основа на претходно дадена согласност, може да се врши обработка на личните податоци на корисникот за цели на директен маркетинг (opt-in принцип).

• Што е директен маркетинг

Секој вид на комуникација остварена на било кој начин со цел испраќање на рекламен, маркетиншки или пропаганден материјал која е насочена директно до идентификуван корисник.

• Надворешни лица

Правните и физички лица кои стапуваат во деловен однос со Мега, врз основа на кој имаат пристап до документација и лични податоци на корисниците на Мега се обврзуваат на доверливост и заштита на личните податоци со посебни договори за доверливост и за обработка на податоци.

На кого треба да се обрати корисникот со цел да ги оствари своите права?
Корисникот може да се обрати на Офицерот за заштита на личните податоци во Мега. Офицерот за заштита на лични податоци постапува согласно внатрешните прописи со цел правата на корисникот да бидат остварени на едноставен, брз и ефикасен начин без да се предизвика непотребно одложување или трошоци.
Корисникот добива одговор на барањето во рок од 15 дена.
Која е следната инстанца на која може да се обрати корисникот?
Доколку корисникот не е задоволен од одговорот и информациите дадени од Офицерот за заштита на личните податоци на Мега и доколку смета дека неговите права се повредени, може да поднесе барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци.

КУПУВАЧОТ/ КОРИСНИКОТ Е ЗАПОЗНАЕН И СОГЛАСЕН СО УСЛОВИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВЕБ СТРАНАТА НА MEGA, И СЕ ОБВРЗУВА ДА ГИ ПОЧИТУВА ВО ЦЕЛОСТ.

Офицер за заштита на лични податоци:
Вања Шиповиќ Стојановски

контакт:
data_protection@mega.com.mk

ЗАТВОРИ

Категории

Додади во кошничка
Artboard 5

📣 Биди во тек со сите промоции на Мега сега и на Viber

Внеси мобилен телефон (3897xxxxxxx) и зачлени се

📣 #МегаИзвестување

Салонот на МЕГА во Куманово нема да работи во сабота, 02.12.2023, поради попис.
Ве молиме контактирајте не на телефон или е-маил, или посетете ги нашите продажни места во Куманово.