Ко-екструдиран Композитен ѕиден ребраст панел

2.210 ден

единица мерка -парче
димензија-21,9х2,6х280cm
Материјал-Ко-еккструдиран композитен материјал
Употреба -надворешна , внатрешна
Боја -тик

Опис

WPC (Wood Plastic Composite) Koмпозитни ѕидни панели се модерен и еколошки материјал, кој е одлична алтернатива на традиционалните дрвени или ПВЦ панели. Тие се изработени од комбинација на дрвени влакна и пластика, нудејќи од-
лична издржливост и естетика.
Карактеристики на WPC ѕидни панели
1. Издржливост и цврстина.Отпорни на влага, гниење и термити.Не пукаат, не се извиткуваат и не се шират како природ-ното дрво. Имаат висока отпорност на удари и долг век на траење.
2. Отпорност на влага и надворешни услови. Отпорни на УВ-зраци, што ги прави соодветни и за надворешна употреба.
3. Лесно одржување. Се чистат едноставно со влажна крпа. Не бараат бојадисување, лакирање или дополнителна заш-
тита.
4. Еколошки и одржливи. Направени од рециклирани материјали, со низок еколошки отпечаток..100% рециклирачки и нетоксични.
5. Естетска привлечност. Имитираат природно дрво.
6. Лесна инсталација. Лесни за сечење и поставување.
7. Отпорност на штетници. Имаат отпорност на оган класа Bf1-S1. Не се подложни на термити и инсекти.
Примена
Надворешни ѕидови и плафони, огради.
Облоги за бањи и кујни. Комерцијални простории и фасади.
Декоративни панели за модерни екстериери.
Чекори за инсталација:
1. Подготовка на ѕидот-Осигурајте се дека ѕидот е рамен, чист и сув.
2. Монтажа на подлогата (потконструкција) Поставете потконструкциски профил хоризонтално или вертикално (во зависност од насоката на панелите). Потконструкци-скиот профил треба да биде на растојание од 30-50 cm еден од друг. Фиксирајте ги со типли и завртки во ѕидот.
3. Сечење на панелите-Измерете и исечете ги панелите според потребната должина.
За прецизни сечења, користете циркулар или рачна пила.
4. Фиксирање на панелите-Завртки или клиповиПанелите се поставуваат еден до друг
и се фиксираат со завртки (на невидливи места) или со специјални клипови.Првата панел мора да биде совршено нивелирана.
5. Довршување
Доколку има видливи рабови, користете декоративни L лајсни (винкли) за завршна обработка. Проверете дали сите панели се добро прицврстени и дека нема празнини.

Карактеристики

Димензија

21,9х2,6х280cm

Материјал

Екструдиран композит

Употреба

наадворешна, внатрешна

Мислења

Сеуште нема мислење за продуктот.

Бидете први кои ќе разгледате “Ко-екструдиран Композитен ѕиден ребраст панел”