Превоз & Испорака

При купување во нашите продажни места: доколку она што сте го пазариле немате можност да го превезете со Вашето сопствено возило, превозот можеме да го извршиме ние, под услови договорени со лицето од продажба. Превозот се врши според распоред, во сите денови освен празници и недела, во период од 08:00 - 16:00 часот. Ве молиме сите детали околу транспортот да ги договорите со нашите колеги на продажното место каде што пазарите. Напомена: за производи купени на распродажба, транспортот е исклучиво обврска на купувачот.
При купување on-line: доколку пазарите во нашата интернет продавница, ќе можете:
- лично да го преземете производот од накое од продажните места;
- да користите сервис за достава, на Ваша сметка;
За сега не е можна опцијата за купување on-line.

Истовар

Производите ќе бидат испорачани на договорената адреса, до најблиската точка на која е можен пристап со возило, па заради тоа погрижете се приодот да биде слободен. Истоварот на производите, како и нивното евентуално качување на кат се одврска на купувачот. Купувачот ќе биде контактиран претходно, за да навремено може да направи подготовки за прием на нарачката. Ве молиме веднаш направете проверка на пристигнатата нарачка и доколку воочите било каков недостаток веднаш пријавете му на превозникот. Со потпишување на документ, го потврдувате приемот и исправноста на нарачката. МЕГА ДОО нема да сноси одговорност за понатамошно складирање и манипулирање со нарачаниот материјал.

Монтажа

МЕГА ДОО не врши монтажа на нарачаните производи, ниту пак одговара за правилноста на извршената монтажа. Препораките и советите во врска со монтажата на производот, се од информативен и не обврзувачки карактер и се даваат на барање на купувачот, со цел по лесно извршување на потребната работа. Рокот, цената и начинот на монтажа, клиентот ги договара со овластените монтери или со приватно ангажираните изведувачи, кои ја сносат одговорноста за извршената работа. Пред инсталација и употреба на производот, прочитајте ги упатствата од производителот и доколку има потреба, консултирајте се со стручно лице. Специјално: за дел од производите од програмата Wellness, МЕГА ДОО обезбедува монтажа, под услов да е соодветно припремено местото на кое ќе се монтира производот, т.е. да се обезбедени приклучоци за електрична енергија, довод и одвод на вода.

Сервис

За голем дел од производите обезбедуваме резервни делови, а за некои (програма Wellness) обезбедуваме и сервис на барање на купувачот. За производите од програмата техника, можен е сервис кај овластени сервисери.

Враќање и замена

На купен производ ќе може да се направи во рок од 15 дена од денот на купување, т.е. примање на производот, со приложување на фискална сметка, под услов да производот биде не употребуван, во исправна состојба, во оригинална и не оштетена амбалажа.При тоа, купувачот е должен на своја сметка да го донесе производот во продажното место од каде што е купен. За специјално нарачаните производи, како и за производите купени на распродажба, не е можно враќање и замена.

ЗАТВОРИ

Категории

Додади во кошничка
Artboard 5

📣 Биди во тек со сите промоции на Мега сега и на Viber

Внеси мобилен телефон (3897xxxxxxx) и зачлени се

📣 #МегаИзвестување

Салонот на МЕГА во Куманово нема да работи во сабота, 02.12.2023, поради попис.
Ве молиме контактирајте не на телефон или е-маил, или посетете ги нашите продажни места во Куманово.