ECO-FRIENDLYTILE концептот на ARGENTA е посветен на развојот на новата генерација на високо вредните решенија кои се производ на истражувања и примена на нај напредна технологија.


FLOW
Серија FLOW е одличен избор за секој кој сака да внесе допир на сјај во својот простор. Варијанта со мазна површина е идеална за простор кој бара униформност и впечаток на континуирана зидна прекривка, додека впечатливата текстура на FLOW Linear ке даде декоративен карактер.
Палета на бои на серија FLOW се движи од суптилните тонови на бела, сива и беж, до нешто по живи акценти како сина и боја на жалфија.
Зидните плочки изработени од црвена паста се достапни во димензија 25х50цм и можат да се комбинираат со подни порцелански плочки во димензија 60х60цм, ретифицирани, со сјаен финиш.
OLAND
Главните обележја на серија OLAND се софистицираност, сестраност и одлична декоративна приемчивост. Она што се цени кај оваа серија е нивото со кое дизајнот и технолошкиот процес го доловуваат природниот изглед и префинетата текстура на дрвото. Токму тоа им овозможува на овие порцелански плочки во формат 23х120цм и мат ефект, да го истакнат реализмот на материјалот, претварајки ги во атрактивна и функционална серија за проекти кои бараат изглед на природни материјали.



BLANCOS
Замислата за креирање на светол, бел простор е дел на секој еден проект, а серијата BLANCOS е особено погодна за токму таков амбиент.
Овие бели зидни плочки со сјаен финиш, со или без текстура, ги нудиме во димензија 90х30цм, ретифицирани. Серијата BLANCOS е перфектно решение за ултра/модерен ентериер во кој снагата на просторот произлегува токму од зидната прекривка.